Фудбал
7. September 2015 - 7:49

ЕП Фудбал: Чесите обезбедија виза за Франција

Фудбалската репрезентација на Чешка избори пласман на Европското првенство, откако со 2:1 славеа во Латвија. За разлика од Чешка, Холандија со поразот од Турција е се подалеку од пласманот на ЕП, а Хрватска која загуби во Норвешка најверојатно ќе мора да игра бараж за пласман на континеталното првенство.
 
Чешка во Рига прашањето на победникот го реши во првите 25 минути со головите на Лимберски и Дарида, а голот за Летонија го постигна Зјузинс.
 
Турција ја декласираше Холандија со 3:0. Во првото полувреме голови постигнаа Озјакуп и Арда Туран, а победата ја потврди Јилмаз.
 
Табела: Чешка 19, Исланд 18 (-1), Турција 12, Холандија 10, Летонија 4, Казахстан (-1).
 
Норвешка со победата над Хрватска од 2:0 се доближи до второто место на табелата, а Хрватите ќе се орат за третото место. Бергент со два гола (негови први во репрезентацијата) во второто полувреме ја шокираше Хрватска.
 
Малта и Азербејџан во оваа група одиграа без победник 2:2.
 
Табела: Норвешка 16, Италија 15 (-1), Хрватска 15, Бугарија 8, Азербејџан 6, Малта 2.