-->
-->
ЕП: Франција среќно до победа против Италија
-->
Италијанската бајка заврши, не се пласираше во полуфиналето на Евробаскетот ! Во осминафиналето ја совлада Србија , сега имаше добиен меч и на крајот беше поразена од Франција по продолженија - 85:93 (20:27, 11:11, 31:18 , 15:21, 8:16)! Тоа значи дека Французите сигурно ќе се борат за еден од медалите на шампионатот. Прашање е само дали ќе биде за злато во финалето или бронза во мечот за третото место! Сега се чека исходот од мечот меѓу Словенија и Полска, бидејќи ќе играат со победникот од тој дуел за пласман во финалето.
Вистинска драма е видена во Берлин. Италија се собра од двоцифрена негатива и поведе во последната четвртина и ја имаше победата во свои раце. Симоне Фонтекио можеше да го реши прашањето за победникот на 16 секунди до крајот. Неговиот тим имаше два поени предност (77:75), а тој изведе две слободни фрлања. И двете ги промаши, иако важи за еден од најдобрите изведувачи на пенали во својот тим. Ертел ја зеде топката и погоди, а последниот напад му припадна на Фонтеки, кој исто така промаши, со што стана трагичар на својот тим. Во дополнителните пет минути „триколорите“ ја искористија психолошката предност, Ертел погоди и го доведе својот тим понатаму.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација