Loading Video...
Спорт плус
9. April 2019 - 19:52

ЕП Борење: Бронзен медал за Македонија

Македонија по пауза од 12 години обезбеди медал од големо натпреварување. Овојпат бронзен од ЕП во Романија кое блесна на градите на Владимир Егоров.

Егоров потврди дека е во одлична форма и на шампионатот на стариот континент кој се одржува во Букурешт во борбата за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми го совлада Нурмагомед Гаџиев од Азербејџан и тоа на поени со 7-5.

Претходно Егоров  успеа да слави и против Муслим Садулаев од Русија и Леван Вартанов од Шпанија.

Последниот медал освоен претходно на вакви шампионати датира од 2007 година.