Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен

Луис Енрике го продолжи договорот со францускиот првак Пари Сен Жермен, а тоа ќе биде официјално соопштено вечерва пред дуелот против Монако во Лига 1, пренесе „Радио Монте Карло“.
Сè уште не е познато колку долго шпанскиот стручњак ќе го води францускиот гигант, но тој го водеше тимот низ тежок период и избори пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите по победите над Манчестер Сити и Штутгарт.
Нов договор со клубот ќе потпише и Нуно Мендеш. Двете страни имаа несогласувања околу платата на Португалецот, но неодамна ги усогласија ставовите. Тој ќе остане во ПСЖ до 2029 година. Мендеш ќе биде еден од десетте најплатени играчи на тимот, со тоа што дел од неговата плата ќе биде фиксна, а другиот во зависност од бројот на натпревари што ќе ги одигра.
Се очекува Ахраф Хакими и Витиња, исто така, да потпишат нови договори, а тинејџерот Ибрахим Мбаје да го потпише својот прв професионален договор со клубот.
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
