Бизнис
17. August 2018 - 19:46

Енергетската ефикасност проблем во југозападниот регион

Недостаток на енергетска ефикасност на јавните објекти како што се училиштата и градинките, патната инфраструктура и техничката документација се едни од клучните проблеми со кои се соочуваат општините.

Лозаноска од Центарот за Југозападен плански регион вели дека со воведувањето во работа на економскиот оператор ќе се заштеди топлинска и електрична енергија во објектите и ќе се подобрат условите за работа и престој.

Во следните три месеци старата училишна зграда во Волино која од 2013 година е вон употреба

целосно ќе биде реконструирана и ставена во функција за потребите на месната заедница од ова населено место , за што ќе бидат инвестирани 2,8 милиони денари   од програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година  на планските региони.

Во рамките на проектот за подобрување на енергетска ефикасност зафати на јавни објекти  ќе се вршат во Охрид ,Струга и Кичево во сите општини, ќе бидат инвестирани  11,6 милиони денари.