Loading Video...
Спорт плус
17. November 2021 - 11:53

Емил Павлов ќе се бори за злато на СП во Дубаи

 
 
Најдобриот македонскиот каратист, Емил Павлов се пласира во финалето на Светското првенство што се одржува во Дубаи. 
 
Во полуфиналето на категоријата до 67 килограми, Павлов славеше против Унгарецот, Мартијал Тадиси, откако прв освоен поен, а борбата заврши 3-3.
 
Противник на Павлов за златниот медал ќе биде Стивен да Коста од Франција.
 
Најдобриот македонски каратист претходно ги совлада Хомола од Словачка (4-3), Узбекистанецот, Сајматов (3-0), Хамад од Јордан (3-1) и Елсави од Египет (4-1).