Кошарка
13. November 2019 - 9:46

Ембид со забивање и донесе победа на Филаделфија

Најнеизвесниот натпревар во синоќешната победа на НБА лигата го одиграа Филаделфија  и Кливленд. 
 
Со забивањето на Џоел Ембид на 13 секунди пред крајот домаќините славеа победа со 98-97. Гостите имаа и напад за триумф, но обидот на три поени беше непрецизен. 
 
Ембид беше најефикасниот во победничката екипа со 27 поени, а имаше и 16 скокови, додека на спротивната страна Лав и Кларксон постигнаа по 20. 
 
 
Откако во претходниот меч беа поразени од шампионот Торонто, кошаркарите на ЛА Лејкерси брзо се вратија на победничките патеки. “Езерџиите“ забележаа победа на гостувањето кај Феникс со 123-115. 
Иако првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џерјмс оствари ддабл-дабл со 19 поени и 11 асистенции, сепак мечот го реши Кајл Кузма кој со две тројки во фиништот му донесе победа на тимот од ЛА.
 
Кузма средбата ја заврши со 23 поени, еден помалку (23) од Ентони Дејвис кој придодаде и 12 скокови. 
 
 
Од останатите индивидуални остварувања, на синоќашните средби, го издвојуваме настапот на Тре Јанг кој во победата на Атланта над Денвер со 125-121, мечот го заврши со 42 поени. 
 
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Индијана – Оклахома 111-85, Мајами – Детроит 117-108,  Чикаго – Њујорк 120-102 и Јута – Бруклин 119-114