-->
-->
Елмас подобар од Пандев
-->
Условно речено „македонското дерби“ Џенова – Наполи им припадна на гостите, на Елмас, славеа со 1-2.
Екипа на Елиф Елмас (играше до 82 минута, постигна гол, ВАР му го поништи, а имаше уште еден одличен обид, голманот Мерет одбрани) ги освои трите бода и уште повеќе ја закомпликува состојбата на Џенова кога станува збор за опстанокот во Серија А.
Капитенот на македонската фудбалска селекција, Горан Пандев влезе во игра кај Џенова во 71, но беше немоќен да донесе барем реми за својата екипа.
Инаку, Наполи поведе со 0-1 во 45 минута, стрелец Мертенс.
На стартот на вториот дел, по асистенција на Шене, стоперот Голданига со глава погоди за 1-1, но предноста на гостите ја врати штотукувлезениот Лозано во 66 минута.
Наполи сега е петти на табелата со 51 бод, го потисна Милан на шестата позиција со 49 бода.
Џенова, пак, е во зоната за испаѓање и до крајот ќе води борба со Лече, Торино и Удинезе за да го продолжи прволигашкиот статус.
На вториот меч од ова коло што се одигра во истиот термин, во Фиренца домаќинот Фиорентина и Калјари ремизираа без голови, 0-0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата