Џет-Сет
13. March 2017 - 17:45

Елена Ристеска со длабока тага се прости од македонската легенда

Македонската пејачка Елена Ристеска со голема тага се прости од македонската легенда Вања Лазарова која почина вчера на 86-годишна возраст.
 
- Една од најведрите личности кои сум ги запознала, една од моуте најдраги соработки. Секогаш ќе ја паметам по нејзиното исклучително мило лице и добра душа, но и специфичниот вокал, напиша Елена со длабока тага.