Спорт плус
26. јуни 2017 - 12:20

ЕЛ: Македонија против Данска во полуфиналето

Одбојкарската репрезентација на Македонија во полуфиналето на завршниот турнир од Европската лига ќе игра против селекцијата на Данска, која е домаќин на завршниот турнир. Македонија заврши како првопласирана во групата А, а Данска беше втора во групата Б. Во второто полуфинале ќе играат Украина (прва од групата Б) и Шведска (втора од групата Б). 
Шведска е втора во групата А, иако со Албанија имаа исти параметри во првите три критериуми и решаваше четвртиот. Двете селекции постигнаа по три победи, имаат ист број бодови – 9, а и односот на сетови беше ист – 12:12. Решавачки беше четвртиот критериум Шведска имаше 534:512 скор на поени (количник 1,0430) , а Албанија 514:518 (количник 0,9923).
Полуфиналето и финалето ќе се одигра во Гентофте на 1 и на 2.јули.