Бизнис
14. јуни 2019 - 16:18

Експертите предупредуваат: Државата ги даночи платите, наместо капиталните добивки

Дали ако даночната реформа беше поинаква резултатите ќе беа подобри? Првата анализа на раните ефекти од воведувањето прогресивен данок покажуваат дека резултатите се без реално значење. Она што требаше да се поправи со реформата е нееднаквоста меѓу примањата на богатите и останатите, но пресметките покажуваат дека ефектот од реформата врз доходонвата нееднаквост се мали. Вкупниот доход на најбогатите со рефромата се намалува за 0,6%, а заклучокот е дека платите не се извор на нееднаквоста.

Експртите велат дека при кроењето на реформата државата одлучи да го даночи поголмите плати повеќе од капиталните добивки кои се многу поголеми и можеше да даде поголем ефект врз буџетот.

„Државата намерно заборави дека платите се резултат на труд и ги даночи повеќе со 18%. А некој што има два милиони евра во банка и зема камата го даночи помалку со 15%“, вели горан Петресвки професор на Еконмски факултет Скопје.

Другата фалинка на реформата е воведувањето набрзина, во рок од два месеци од најавата за што фирмите не беа подготвени.

Државата е задоволна од раните ефекти на даночната реформа. Во буџетот се слеале 17% повеќе пари по овој основ.

Невработеноста се намалила, фирмите работат подобро, вкупната економија бележи раст. Владата очекува со реформата да собере дополнителни 25 милиони евра кои ќе ги троши на социјално ранливите категории граѓани.