Македонија
22. November 2016 - 16:46

Економијата во фокус на Либералната партија

Економијата е на прво место. Неоходни се мерки кои треба да влијаат на стандардот на граѓаните. ова се приоритетите на Либералната партија, која на средба со граѓаните во Кисела Вода, ја почна  предизборната кампања. За да има добар економски систем, претседателот на партијата порача дека се неоходни стабилни институции.

Наш приоритет е сето она што значи консолидација на институциите. Слушаме многу предлози за прашања, сакате од етнички, сакате од меѓународен домен коишто треба да го отворат уставот. Сметаме дека во овој момент отварањето на уставот не е прашање. Напротив, прашањето е консолидирањето на државата, на институциите, изјави Ивон Величковски претседател на ЛП

Величковски изјави дека го менуваат концептот на претставување и наместо кандидатите за пратеници да зборуваат што ќе направат, тие ќе одговараат на прашањата што ги засегаат граѓаните.