Loading Video...
Ракомет
24. May 2018 - 19:35

ЕХФ им посака добредојде на европските прваци

Европскиот првак Вардар пристигна во Келн каде викендов ќе го брани трофејот во најелитното ракометно натпреварување. 

Европската ракометна федерација преку твитер го регистрираше доањето на нашата ракометна гордост. 

Црвено-црните имаат тешка задача да го одбранат трофејот што го освоија минатата година.   Доколку успејат ќе бидат првиот тим што успеал во новиот формат на Лигата на шампионите  и вкупно втор во историјата на ова натпреварување во кое само шпанскиот Сиудад има две титули во серија. 

Првиот меч  шампионите го играат во сабота од 18ч против Францускиот Монпеље  додека во француската пресметка во првото полуфинале во 15.15ч  Нант на Кире Лазаров ќе игра против  Пари Сен Жермен.