Македонија
7. December 2016 - 12:36

Ефтов: На СДСМ му се битни албанските хулигански структури, за да прави инциденти на денот на изборите

Во последната емисија „Во Центар“ на новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов, од недела вечер, Ефтов мошне длабоко ја анализира политичката ситуација во Македонија, улогата на Зоран Заев и неговата поврзаност со албански хулигански структури во Македонија, од кои очекува помош во вид на инциденти, на денот на изборите.
 
Ефтов во емисијата ја емитува  снимката од ланските протести, кои настанаа после објавувањето на бомбата на Заев, а која се однесува на смртта на Мартин Нешковски. По што уследи опсежна анализа на истата.
 
„Клучен е заклучокот почитувани гледачи, дека тие протести се мирни се додека одредени хулигански структури на навивачките групи не се вклучат во самите протести, тука се поставува прашањето: Зошто тие структури се вклучија во протестите? Бидејќи некој сакаше во Македонија на 9  Мај минатата година, да се случи 5 Октомври и да дојде до одредена насилна  промена на власта, бидејќи и тоа не се случи тоа го означи почетокот на пресвртот на политичката криза. Од тој момент е таа пресвртна точка, до тогаш опозицијата беше во одреден налет, меѓутоа после тие неуспешни протести колата на опозицијата тргна по надолна линија.“
 
 
Ефтов потенцира дека СДСМ активно комуницира и има под своја контрола одредени албански банди, кои треба да им донесат албански гласови.
 
„Сега гледаме зошто таа функција министер на Полицијата беше толку важна за СДСМ, јавна тајна е и сите шпекулации говорат дека господинот Оливер Спасовски или луѓе блиски на Оливер Спасовски одат по албанските села, одат по албанските населби, имат контрола или имат комуникација со тие албански банди, ветуваат се и сешто од кинење или уништување на кривичните пријави против нив до нивно учество и нивна улога во изборните процеси. Се даваат многу пари, се даваат големи ветувања, се смета дека СДСМ ќе атакува на некаде 7% до 9 % албанските гласови. Дали тоа ќе се случи ќе покаже времето, меѓутоа ветувањата се големи, очекувањата се големи, јас се плашам дека тие ветувања кои им се даваат на албанците на крајот можат како бумеранг да му се вратат на СДСМ и даа влеземе во еден доста тензичен политички процес.“
 
 
Во текот на емисијата тој дава уште подетален опис на ситуацијата во СДСМ, при што потенцира дека Заев свесно игра на картата на федерализација и дека истиот намерно се сликал во кумановско „Диво Насеље“ ден по загинувањето на полицајците, затоа што му се битни албанските хулигански структури, за да прави инциденти на денот на изборите.
„Погледнете ја оваа фотографија на која е направена на фудбалскиот натпревар на Шкендија и каде што се вее знамето на голема Албанија. Споредете го со онаа селфи на Зоран Заев кое го прави со дел од албанските жители во таа населба „Диво Насеље“  во Куманово и веројатно си го поставувате прашањето почитувани гледачи: Дали на Зоран Заев не му паѓа на памет дека поради тоа губи политички поени кај македонците? Апсолутно му паѓа на памет  и немојте да мислите дека не е свесен, за политичките штети кој ги трпи, поради тие свои изјави и тие свои настапи, меѓутоа албанските хулигански структури му се неопходни, му се битни како кислород  за да може да прави одредени инциденти на денот на изборите или во тој пост изборен период, како би можел да оствари одреден политички бенефит.“
 
 
 
Ефтов се повикува на интервју на Насер Рауфи, адвокат на осудените во „Диво Насеље“, во кое тој вели дека групата сакала да окупира одредена територија и со тоа да издејствува нов рамковен договор.
 
„Некаде пред еден месец адвокатот на Насер Рауфи кој е  адвокат на дел од овие осудени или луѓе кој се во тој процес во врска со „Диво Насеље“, даде одредено екслузивно интервју за агенцијата „Макфакс“ и во тоа интервју дава одредени индикативни, дури би рекол проблематични политички ставови и политички толкувања, на пример, според него целата таа група немала намера да прави дестабилизација на Македонија, туку всушност сакале да направат нешто слично како што било во Кондово пред многу години, односно тактиката нивна била да се завземе одредена територија. Пазете ДА СЕ ЗАЗЕМЕ ОДРЕДЕНА ТЕРИТОРИЈА, практично неколку улици во тоа „Диво Насеље“ , значи неколку улици во градот Куманово да бидат заземени од нивна страна и на тој начин да се обезбеди терен, да дојде до нов рамковен договор, односно нов „Охридски договор“ . И тука се поставува прашањето почитувани гледачи: Ако Зоран Заев се слика во „Диво Насеље“ , прави V , сликајќи се со жителите на „Диво Насеље“ , тие всушност сакале да го окупираат „Диво Насеље“  и таму да направат  основа за нов Охридски рамковен договор , а гледате дека Зоран Заев е беноволентен  и смета дека Рамковниот договор не е свето писмо , туку е подлежен на политички корекции и промени , тука се поставува клучно прашањето :  Зошто ако некој сака да го менува Охридскиот рамковен договор не направи политичка партија, албанска политичка партија, туку купува оружје и сака да ја дестабилизира Р.Македонија.“
 
 
 
Земајќи го ова во предвид, стануваат појасни некој работи, а особено политичкото делување на Зоран Заев, кој веќе 3 години игра на каратата за двојазичност, федерализација и виткање на кичмата.
 
Ефтов се повикува и на интервју на министерот во МВР, сегашен директор во БЈБ, Митко Чавков, кој пред извесен период и соопшти на македонската јавност дека имало обид за ослободување на осудениците во процесот „Диво Насеље“.
 
„Според Чавков постојат неколку одбиди за ослободување на овие осуденици во процесот  „Диво Насеље“  , па дури на последните рочишта се приметени одредени елементи каде што се оставаат намерно одредени мобилни телефони и одредени знаци, како би можело да им се обезбеди на тие луѓе или да бидат спасени или да можат да избегаат од структурите на прогонот во рамки на Р.Македонија, па дури и во рамки на одреден временски период, ако се сеќавате почитувани гледачи од Битола, Прилеп или Скопје или таму каде што беа сместени овие осуденици, во процесот на „Диво Насеље“, тие беа префрлени во охридскиот затвор и во еден временски период огромно количество на македонска полиција беше присутна во градот Охрид.“
 
 
 
Во таа насока тој потенцира.
 
„Тоа покажува дека тука не станува збор за обични политички или безбедносни аматери, туку станува збор за една политичка или терористичка групација, која сакала навистина да ја дестабилизира Р.Македонија. И гледате кога ќе ги споите овие две изјави, кога ќе го споите однесувањето на Заев доаѓате до одредена политичка композиција која укажува дека всушност во рамки на Р.Македонија постоеле сериозни тенденции, обиди и намери, да биде дестабилизирана државата, тоа не се исклучува дека може да се случи на самиот ден на изборите или во пост изборниот политички пероцес. “
 
„Што всушност сакам да ви кажам во оваа и во претходната емисија почитувани гледачи, сакам да ви кажам дека постои едно политичко сценарио, се надевам дека тоа политичко сценарио, нема да биде реализирано , меѓутоа ние треба да ги знаеме контурите на тоа политичко сценарио.“ Заклучува Ефтов.
 
Со ваквата своја исцрпна анализа, Ефтов мошне отворено не предупредува и ни ги отвора очите кој е кој на политичката сцена во Македонија и какви планови за државата има.