Фудбал
1. December 2016 - 10:15

ЕФЛ куп: Саутемптон против Ливерпул во полуфиналето

Екипата на Саутемптон со победата од 2-0 на гостувањето кај Арсенал во 1/4 финалето од ЕФЛ купот (Лига куп) успеа да се пласира во полуфиналето. За овој тим ова прв ваков пласман по 1987 година, откако во последните неколку сезони беа запирани во 1/4 финалните дуели.

Нивни ривали во полуфиналето ќе им биде Ливерпул, против кога во рамките од Премиер лигата пред десетина дена одиграа без голови 0-0.
Во второто полуфинале од овој куп ќе играат: Манчестер Јунајтед и Хал.
Само во полуфиналните натпревари се играат два дуела. Домаќини на првите дуели се: Саутемптон и Манчестер Јунајтед, а термин за одигрување на дуелите се: 10 и 11.јануари, додека реваншите се играат на терените Ливерпул и на Хал на: 24 и 25.јануари 2017.
Во текот на следните денови ќе биде познат распоредот на одигрувањто на натпреварите.