Фудбал
30. November 2016 - 9:07

ЕФЛ куп: Ливерпул и Хал полуфиналисти

Премиерлигашите Ливерпул и Хал изборија пласман во полуфиналето на ЕФЛ купот (Лига куп),  откако во четвртфиналето одиграно синоќа ги елиминираа членовите на Чемпионшип лигата, Лидс и Њукасл.
 
Ливерпул на „Енфилд“ со 2:0 го победи Лидс со головите на Дивок Ориги и Бен Вудбурн.  
 
Хал и Њукасл по 90 минути одиграа без голови 0:0, а по продолжението резултатот беше 1:1. По изведувањето на пеналите поуспешен беше домаќинот Хал кој победи со 3:1 на пенали.
 
Вечерва се играат другите два четвртфинални дуела: 
Арсенал – Саутемптон и 
Манчестер Јунајтед – Вест Хем. 
 
Двојките за полуфиналето ќе бидат извлечени по завршувањето на денешните натпревари.