Балкан
22. February 2019 - 21:56

Едвај останало живо: 6-годишно дете се опијанило од ракија, таткото законски ќе одговара

Хрватското обвинителство од градот Чаковец покрена обвинение против татко, кој дозволил неговото 6-годишно дете толку да се опијани, што едвај го спасиле во болницата.

Таткото бил пијан, па не забележал дека момчето пие од ракијата заедно со него. Обвинителството го товари 31- годишниот татко за грубо нарушување на правата на децата затоа што го довел во алкохолизирана состојба и не внимавал како 6-годишното момче од масата земало алкохол.

Набргу му се слошило на детето и било однесено со брза помош во болница, каде докторите му го спасувале животот.

Таткото ќе одговара кривично за запуштање на своето дете.