Бизнис
30. September 2015 - 16:48

Едукација на архитекти, инженери и градежници преку Кнауф академијата

Околу 200 архитекти, инженери и градежници се информираа за најновите трендови и новитети  во гредежната  индустрија преку Кнауф Академијата која за првпат се одржа во Македонија.

Оттаму посочуваат дека целта на работилниците е да се пронајдат решенија со кои ќе се подобри квалитетот на градењето, а со тоа и квалитетот на животот на граѓаните.

Академијата која има регионален карактер традиционално се одржува секоја година во различни земји.

На предавњата покрај дискусијата за најновите достигнувања во современото градежништво присутните се запознаваат со нови производи, алати, и техники во работењето.