Свет
21. August 2017 - 12:12

Едно лице загина, откако автомобил удри во автобуска постојка

Најмалку едно лице загина откако автомобил удри во автобуска постојка во јужниот француски град Марсеј, соопшти полицијата, јави Би-Би-Си.

Возачот е приведен. Полицијата соопшти дека засега не е познато дали возачот намерно удрил во постојката, но француските медиуми јавуваат дека претходно уште едно возило удрило во друга автобуска постојка, во истиот град.

Полицијата ги советуваше граѓаните да ја избегнуваат областа околу старото пристаниште.