-->
-->
Едно лице приведено, осомничено за продажба на марихуана
-->

Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против М.Б.(23), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ.
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по претходна судска наредба, извршен бил претрес на домот каде престојувал М.Б. во Чаир, Скопје.
При претресот била пронајдена марихуана, чинија со остатоци од бела прашкаста материја и картичка со остатоци од бела прашкаста материја. М.Б е лишен од слобода во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
