Свет
20. September 2019 - 9:03

Една жртва во пукање во Вашингтон

Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа.

Се уште не е познато дали осомничениот за нападот е уапсен, а полициски извор за локалние медиуми изјави дека „не сметаат оти се работи за активен стрелец“.

Тој додаде  дека повредените не се во животна опасност.

Телевизијата WJLA на Твитер објави снимки од лице место и информира дека реакцијата на полицијата на раскрсницата на 14 улица и Колумбија роуд била „масивна“.