Единаесетмина повредени во судири меѓу демонстрантите и полицијата во Барселона

Единаесет лица се повредени во уште една бурна ноќ, трета по ред, на судири во Барселона меѓу полицијата и демонстранти кои поддржуваат луѓе кои незаконски се сместиле во поранешна филијала на банка во кварт од градот, пренесуваат американските медиуми.
Портпаролот на полицијата во Каталонија информира дека демонстрантите во раните утрински часови запалиле контејнери и предизвикале материјална штета врз трговски објекти во квартот Грасија.
Според полицискиот гласноговорник, во судирите лесно настрадале петмина демонстранти и шестмина полицајци. Едно лице е приведено.
Полицијата во понеделникот ги протера лицата сместени во зградата од банката, која со години не функционира и била претворена во центар на локалната заедница.
Демонстрантите инсистиораат да им се дозволи да се вратат во зградата и се заканија дека ќе продолжат да протестираат.
Ново на Сител
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
