Единаесет кандидати за нов директор на ФБИ, разговорите во тек
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека сака брзо да именува нов директор на ФБИ, на местото на досегашниот директор Џејмс Коми.
За функцијата се пријавиле 11 кандидати, а во тек се разговорите со нив.
Трамп истакна дека постои можност одлуката за новиот директор на ФБИ да ја донесе пред да тргне следната недела на своето прво патување надвор од земјата, откако стана претседател на САД.
За денеска се планирани разговори со четворица кандидати, а првата кандидатка, Алис Фишер, веќе е интервјуирана во траење од околу час и половина, додека останатите тројца ќе бидат интервјуирани во текот на денов.
Алис Фишер беше помошник на јавниот обвинител за криминалистичкиот сектор под мандат на поранешниот претседател Џорџ Буш. На чело на ФБИ досега не била поставена жена.
Останатите тројца кандидати, кои денеска ќе бидат интервјуирани се сегашниот в.д. директор на ФБИ, републиканецот Ендрју Мекејб, судијата на њујоршкиот Висок суд, Мајкл Џ. Гарсија и републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин, кој е заменик-претседател на Сенатот и поранешен јавен обвинител.
Интервјуата со кандидатите ги водат јавниот обвинител Џеф Сешенс и неговот заменик Род Розенстајн.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина