Еден век постоење на Црквата Свети великомаченик Георгиј во Кочани

Црковниот храм посветен на „Свети великомаченик Георгиј“ од Кочани синоќа со свечена вечерна златоустова литургија ја одбележа 100-годишнината од изградбата и постоењето со која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од кочанското архиерејско намесништво.
Во своето обраќање до верниците г. Иларион ја искажа потребата од постоењето на МПЦ-Охридска архиепископија која, како што рече, не обединува, сплотува во заедништво и слога. Од општинските власти и од верниците побара што поскоро да се изградат и осветат започнатите две цркви во Кочани посветени на „Преображение Христово“ и „Свето Благовештение“ кои се во изградба.
Во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на кочанскиот православен храм, беше промовирана книгата „Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење“, во издание на Општина Кочани.
Делото чии автори се Илинка Атанасова и Љубинка Ајтовска претставува пресек на историското и духовното живеење на храмот „Свети великомаченик Ѓорги“ и обид за систематизирање на значајни податоци, факти и документи од живеењето на Кочани.
Книгата содржи податоци за неколку традиционални свештенички семејства од Кочани,и каталогот на икони и други богослужбени предмети, како дел од ова издание, ѝ даваат посебна историско-уметничка тежина.
Рецензент и промотор на делото беше проф. м-р Александар Атанасов, кој нагласи дека со расветлување на генезата на храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани и хронологијата на формите низ кои опстојувал и се развивал, се развиваат колективната меморија и сознанијата за минатото, сегашноста и иднината.
Ново на Сител
-

ЦУК: Состојба по обилните дождови заклучно со синоќа во 21 часот, излевања на реки, поплави, одрони
-

Мицкоски во посета на Општина Гевгелија
-

Врнежи од снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга- ГП „Ќафасан“
-

Дожд и снег на повисоките места, температурата од - 2 до 10 степени преку ден
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
