ЕЦХР: Државите можат да воведат полесни затворски казни за жените
Државите, во своето законодавство, можат да предвидат полесни казни за некои категории на луѓе, како на пример за жените, пресуди денеска Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР).
Судот аргументира дека ваквите одредби се знак на социјален напредок.
ЕЦХР заседаваше по барања на двајца руски затвореници, на 25 и 30-годишна возраст, осудени на доживотен затвор, едниот за убиство, а другиот за обид за убиство на полицаец. Тие поднеле жалба дека рускиот кривичен законик е дискриминаторски поради тоа што предвидува дека малолетниците, жените и лицата на возраст над 65 години не може да бидат осудени на доживотна затворска казна.
- Изгледа тешко дека може да биде критикуван рускиот законодавец за одлуката да бидат исклучени некои категории на прекршители од доживотно лишување од слобода, наведе ЕЦХР.
- Ваквите исклучоци се социјален напредок во кривичната правда и претставуваат пропорционално средство за наметнување на принципите на праведност и хуманост, оцени судот во Стразбур.
Одлуката на Европскиот суд за човекови права е конечна.
Судот истакна и дека во однос на кривичното право ќе биде оставена широка слобода на земјите, бидејќи по тоа прашање нема консензус меѓу 47-те земји членки на Советот на Европа.
Единствено прашање, по кое има согласност меѓу нив е за прекршителите кои не се полнолетни во моментот на пресудата - да не можат да бидат осудени на доживотна казна затвор, во сите земји членки без исклучок, забележа ЕЦХР.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”