Ракомет
7. February 2023 - 14:13

Е. Пелистер на тешко гостување кај данскиот Скандерборг

Ракометарите на Еурофарм Пелистер попладнево ги продолжуваат натпреварите во во ЕХФ Европската лига.  Битолчани имаат ново тешко гостување во Данска кај составот на Скандерборг Архус.
 
По двата врзано порази на стартот на СЕХА лигата, на гостувањата кај Војводина и Нексе, зелено-белите ќе имаат тешка задача да извлечат поволен резултат (останат не поразени) во дуелот со екипата која е на шестото место во данскиот шампионат.  Јасно е дека Скандерборг важи за апсолутен фаворит во мечот со Еурофарм Пелистер, но ќе мора да го сочекаме крајот на мечот за да видиме кој ќе биде конечниот епилог.  
 
Натпреварот од 7.коло во Д групата на ЕХФ Европската лига меѓу Скандерборг Архус и Еурофарм Пелистер на програмата е утре со почеток од 18:45 часот. Во истиот терми играат лидерот на табелата Фуксе Берлин и Мотор Запорожје, додека средбата меѓу Агуас Сантас и Бидасоа Ирун ќе започне од 20.45 часот. 
 
На табелата прв е Фуксе Берлин со 12, пред Скандерборг со 8 и Бисасоа со 7 бодови, додека Е. Пелистер ер на четвртото место со 5 бодови. Зад него се Морор Запорожје со 3 и  Агуас Сантас со само еден освоен бод.