Џет-Сет
26. October 2017 - 11:02

Џорџ Клуни донира милион долари за борба против корупцијата во Африка

Американскиот актер и режисер Џорџ Клуни изјави дека донира милион долари за борба против корупцијата и воените злосторства во Африка.

Парите беа донирани од „Клуни Фондацијата за правда" на Иницијативата за човекови права, почната од актерот во 2015 година, заедно со активистот Џон Прендергаст.

За оваа иницијатива веќе  донираше и американскиот актер Дон Чидл. Заедно со донацијата на Клуни, досега за иницијативата се донирани 3,45 милиони долари. Иницијативата има за цел да ги открие финансиските мрежи зад конфликтите во Африка.