Свет
1. August 2017 - 9:18

Џонсон: Венецуела е на раб од катастрофа

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон предупреди дека Венецуела се наоѓа на „раб на катастрoфа“ откако претседателот Николас Мадуро доби поголеми овластувања.

- Венецуела се наоѓа на раб на катастрофа, а Владата на Николас Мадуро мора да се запре пред да биде доцна. Земјата се затвора, повеќе од 100 луѓе веќе загинаа, а демократијата и основните човекови права се загрозени, истакна Џонсон.

Во неделата на изборите за Уставотворното собрание сменето е законодавното тело - Народното собрание, каде мнозинство има опозицијата, со што најголемата моќ премина во рацете на социјалистите на Мадуро.

Според Џонсон резултатите од изборите се „сомнителни“.