Џет-Сет
6. February 2017 - 17:01

Џои од „Пријатели“ бега од црногорската полиција!

Во рекламата за новата сезона на најпопуларната емисија за автомобили во светот „Топ Гиар“, актерот Мет Леблан, познат по улогата на шармантниот Џои од култната серија „Пријатели“, бега од црногорски полицајци.

Поголемиот дел од рекламата е снимена во Црна Гора, а полицајците го опколиле Мет од сите страни...

Леблан со мрежата ББЦ за овој проект потпиша договор вреден 2 милиони фунти, а покрај него водители на емисијата се и „откачените“ Крис Харис и Рори Рид.

Погледнете го трејлерот и како Мет се снајде во оваа улога: