Џет-Сет
21. May 2016 - 13:32

Џоди Фостер: Од Ентони Хопкинс ми се замрзнуваше крвта во вените

Актерката Џоди Фостер конечно проговори за својот прв филм што го играше со Ентони Хопкинс „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Во емисијата „The Graham Norton Show“, 53-годишната актерка откри дека Хопкинс толку ја плашел, што не смеела ниту да разговара со нив на сетот.

Фостер рече дека неговата глума и влевала страв во коски и оти едвај чекала да се заврши снимањето.

- Никогаш не разговарав со него, бидејќи беше толку страшен. Стигнавме до крајот на снимањето и ниту еднаш не влеговме во каква било конверзација, вели Фостер.

- Го избегнував, но последниот ден од снимањето ми пријде и јас со солзи во очите му признав колку му се плашам, а тој ми рече: „Но јас од тебе се плашам!“.