Кошарка
5. January 2016 - 20:43

Џикиќ седна на клупата на Партизан

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија Александар Џикиќ е назначен за нов тренер на белградски Партизан. Српскиот тренер ќе го наследи Петар Божиќ, откако под водство на Божиќ Партизан се најде на делба на последните три места на табелата во АБА лигата и вчера загуби на гостувањето во Никшиќ од Сутјеска.
Џикиќ во периодот од 1999 година до 2005 година беше помошник на Душан Вујошевиќ во Партизан, а во меѓувреме беше тренер на Крка (во два наврати), Олимпија, Литвос Ритас, помошен тренер на НБА тимот Минесота, како и селектор на Македонија.
Како тренер има освоено четири титули првак на Словенија, два Купа на Словенија и пехарот во Еврочелинџ купот.
Партизан досега во АБА лигата има скор од шест победи и дванаесет порази.