-->
-->
Џенова го слави „Гранде Пандев“
-->
Фановите на Џенова славеа на „Луиџи Ферарис“ нова победа и важни три бода на својот клуб благодарение на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.
„Гранде Пандев“ како што го викаат во Италија донесе победа на Џенова со гол со глава во 87 минута на мечот од 18 коло во италијанска Серија А против тимот на Сасуоло. Со тоа го направи победничко дебито на новиот тренер, Давиде Никола.
Пандев, кој имаше неколку меча суспензија поради добиен црвен картон, го одигра целиот натпревар. При една контра на својата екипа, Пандев доби топка во петте метри на противничкиот гол, па иако првиот обид за удар беше спречен од противничкиот голман, во повторениот обид тој со глава ја смести топката во небранетата мрежа.
Инаку претходно Џенова поведе со 1-0 со голот на Кришито од пенал во 29 минута, а само 4 минути подоцна Обианг изедначи на 1-1.
Џенова ја прекина серијата од 8 меча без победа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење