Џет-Сет
5. March 2016 - 13:14

Џастин Тимберлејк со романтична роденденска порака за својата сопруга

 Пејачот Џастин Тимберлејк и го честиташе 34-от роденден на својата сопруга Џесика Бил со романтична порака, која ја објави на Фејсбук.

- Среќен роденден душо. Не можам да опишам со зборови колку ми значиш. Ти си најпрекрасната мајка и сопруга, која секој маж може да ја посака. Те сакам до месечината и назад. Твојот сопруг, напиша Тимберлејк на Фејсбук.

Џесика и Џастин се во врска од 2007 година и го имаат едногодишниот син Силос Рендел.