-->
-->
Џастин Тимберлејк како трол во анимиран мјузикл
-->
Музичар и актер Џастин Тимберлајк ќе игра во анимиран мјузикл на „Дримворкс“, „Тролови“, инспириран од популарните дански кукли со бушави фризури во разни бои.
Тимберлејк ќе ја игра куклата Бранко, а негова партнерка во улогата на принцезата Попи ќе биде Ана Кендрик.
Режисер на филмот ќе биде Мајкл Миче, познат по серијалот „Шрек“, а во кината ова остварување ќе пристигне во ноевмри 2016 година.
Куклите тролови со коси во разни бои и со рогови се инспирирани од скандинавскиот фолклор. Тие се изум на данскиот дрводелец Томас Дам, кој ги направил во 1959 година како божиќни подарок за неговата ќерка, по што тие станаа многу популарни во текот на 60 години на минатиот век.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024