Македонија
27. December 2017 - 14:43

Џафери подели новогодишни пакетчиња за децата од „Иднина“ и на Клиниката за детски болести

 Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери денеска им подари новогодишни пакетчиња на учениците во посебно основно училиште „Иднина“ и на децата на Универзитетска клиника за детски болести на Одделот за онкологија.
 
- Насмевките и дружбата со овие прекрасни деца не потсетија уште еднаш дека споделувањето радост, добра мисла и подадената рака треба да е секојдневна водилка за секој човек без разлика на професијата и возраста, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на македонското Собрание.