Македонија
15. January 2019 - 14:44

Џафери: Иванов ги помешал лонците

По известувањето на Иванов дека ќе побара кривична одговорност од Џафери заради оваа постапка, на денешниот пред претседателот Џафери рече дека нема зошто да му одговара, не е тој оној кој треба да покрене постапка.

„Се чини дека претседателот на крајот на својот мандат малку ги помешал лонците. Не е тој оној што треба да покрене постапка против законодавната власт, туку спротивното, законодавната Власт е таа што може да побара одговорност од него како претседател на државата. И немам зошто да му одговорам нешто“, рече Џафери.