Живот
1. October 2015 - 17:52

Двојниот живот на една стјуардеса: Заработила речиси милион од секс во авионот

Една стјуардеса буквално се збогатила откако две години истовремено послужувала пијалок и го „обработувала“ патниците во авионот.

Имено, девојката наплатувала секс во малиот тоалет во текот на летот и по муштерија знаела да заработи и по 1.700 евра. На крајот признала дека проституирањето во авионот и донело неверојатни 880 илјади евра.

Веста стигна од Дубаи, но не е прецизирано за која авио компанија се работи. Се знае само дека е од Блискиот исток.

Авантурите на блудната стјуардеса започнале пред 2 години и траеле се до крајот на септември кога е фатена среде сексуален чин со еден од патниците.л На девојката веднаш и е врачен отказ и е депортирана од државата во која работела.

Новинарите од Дубаи јавија дека девојката веднаш признала дека ова не и било прв инцидент.

Имено, ова не е прв случај на проституција во авионите. Неодамна во Јапонија изби скандал откако се откри дека тамошните стјуардеси го наплатуваат сексот со пилотите. Се тргна кога им се намелени платите, па девојките решиле до екстра заработка да дојдат со наплата на сексот со пилотите, за што добивале од 500 до 700 евра за секс.