Дводневен штрајк на таксистите во Грција

Рано утрово, таксистите во цела Грција започнаа 48-часовен штрајк, во кој учествуваат такси возачи од целата земја, организирани од нивните синдикати, а без такси превоз два дена ќе биде и грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Грчката федерација на такси превозници соопштија дека доколку нема решение за нивните барања, не е исклучена можноста да има повторување на 48-часовниот штрајк.
Објаснија дека пред неколку дена била одржана во Министерството за транспорт каде што биле информирани за законските одредби што се подготвуваат за такси превозот, за кои велат дека „постојат огромни и суштински разлики“ меѓу она што го слушнале и предлозите и барањата на секторот.
Поконкретно, за обврската за електрификација на такси-возилата во Атина и Солун од 1 јануари, велат дека Министерството инсистира и предлага само минимални исклучоци, „се наметнува обврска сите такси возила постепено да се заменат исклучиво со целосно електрични“, а возачите сметаат дека продолжувањето на рокот за задолжителна примена е единственото решение, сè додека постепено не се преземат сите неопходни мерки за премин на секторот кон електрификација.
Друго барање на такси возачите се однесува на заштита на конкуренцијата и велат дека за ова не добиле одговор од Министерството.
Паралелно, го посочуваат и нивното долгогодишно барање да биде дозволено сите такси возила да се движат во специјалните коловозни ленти наменети за автобуси, а не само електрични такси.
Дополнително бараат бесплатни простори за чекање и паркирање на такси возилата на сите аеродроми, пристаништа и станици во земјата; финансиска поддршка на секторот преку субвенции за гориво или потрошен материјал; вклучување на таксистите во европските програми; нов современ правилник за работа на такси-службите итн.
– Сигурно е дека секторот со години е изложен на неправедни практики од целокупниот политички систем, особено од 2011 година наваму, со што систематски се поткопува функционирањето на такси-превозот, соопштија од Федерацијата.
Во Атина и Солун, во рамките на штрајкот, закажани се и протести.
Штрајкот на таксистите, доколку синдикатите не одлучат да се продолжи, ќе заврши в четврток во 6 часот наутро.
МИА
Ново на Сител
-

Мерц ја исклучи можноста Германија да поседува нуклеарно оружје
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
