Дводневен Џез фестивал во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечер и утре ќе биде одржан традиционалниот џез фестивал. Двете фестивалски вечери почнуваат во 20:00 часот. Кумановци ќе имаат можност да уживаат во настапите на бендови од македонската сцена, Грција, Словенија и БиХ.
Фестивалот го организира Институтот за наука, уметност, култура и спорт, а е поддржан од Министерството за култура.
Директорот на фестивалот Марјан Стевановски изјави дека послениве три години се постигнува целта, афирмација на џез музиката и џез културата.
– Иако бевме скептични изминативе години се покажа дека нашата публика има потреба за ваков вид музика, од тој аспект фестивалот премина во традиција со квалитативни и квантитативни елемнти во тој поглед. Цврсто веруваме дека фестивалот ќе продолжи да се реализира и во иднина, изјави Стевановски.
Вечер ќе настапат Мacedonian Dixieland Jazz Orchestra и Танос Ставридис Трио од Грција, а утре Васко Атанасовски Трио од Словенија и Аднан Тескерeџиќ од Босна и Херцеговина.
Уметничкиот директор, Филип Ставновски истакна дека кумановци ќе имаат можност да слушнат квалитетна музика, со различни стилови на џез и интересна програма.
Цената за влез е 100 денари.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората