Бизнис
10. February 2016 - 17:30

Двесте лица од ранливите категории ќе бидат ангажирани за потребите на општините

Двесте  лица од ранливите категории ќе бидат ангажирани за  потребите на општините. Тие ќе бидат од евиденцијата за невработени кои потешко доаѓаат до работа. Ќе имаат задача  да се грижат за старите и неподвижни лица. За тоа ќе добиваат по 6.200 денари за храна и превоз, ќе бидат осигурани во случај на повреда ,ќе им се плати и персоналниот данок. За време на шесмесечниот ангажман нема да им биде  укината  социјалната помош. За годинава за оваа мерка издвоени се над 140 илјади евра.   

Општините кои имаат потреба од овие лица можат да аплицираат од денеска. Огласот трае 35 дена.

Од 2012 година кога почна да се  применува  мерката до сега ангажирани се 540 лица од кои 140  успеале да се вработат.

Ова е уште една  мерка од оперативниот план годинава. Пред извесно време заврши и  огласот за добивање на грант за кој аплицирале 1.300 лица.