Македонија
7. March 2019 - 21:03

Двегодишно дете од Куманово се затру со таблети - итно пренесено на скопските клиники

Вработени во медицинскиот центар Куманово вчера попладне во полиција пријавиле дека кај нив било донесено двегодишно дете затруено од таблети.

Според МВР, неговата мајка во болницата објаснила дека детето испило неколку таблети што таа ги пие.

Детето било препратено во Клиничкиот центар во Скопје, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.