Македонија
10. July 2020 - 19:45

Две нови аудио бомби објавени и денеска - едната за Милошоски, другата за Заев

Две нови аудио бомби се објавени на Јутјуб.  На едната од нив се слуша разговорот меѓу Гордана Јанкулоска и Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, во кој тие зборуваат како да се преврти камион со песок кај Кичево за да се блокираат гласачите кои со авиони дошле од дијаспората.

Во еден момент Јанкулоска му вели на Милошоски :

Г. Ј : Од 5 до 5:30 царината да ги проматка, багажи ова, она…Оти првиот авион се стружани, колку и да ги држиш ќе стасаат, и пешки да тргнат. Сега за вториот авион зборам. Ние малку, сообраќајката, малку нешто друго… Милошоски се согласува ,  Да, од сѐ по малку.

На другата снимка, објавена како Лагите на на Заев, лидерот на СДСМ  му објаснува на непознат соговорник дека албанските гласови се безвредни на пазарот и дека тие се борат само за пари. Непознатиот соговорник му вели дека  Албанците веќе му ја пишуваат фактурата,  на што Заев одговара:  

З.З.: Пет банки не вредат тие на пазарот на гласови. Со избори и они ке се валоризираат....За да пишеш фактура треба да има роба позади себе, така?

По објавување на снимката, Заев на фејсбук го потврди разговорот, но и додаде.

 „ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку“,  напиша Заев.