Балкан
19. September 2018 - 13:44

Две момчиња пронајдени мртви во автомобил во шума: Пред да се самоубијат напишале трогателно писмо

Регионот е во шок откако во хрватските медиуми се објави веста дека две млади момчиња се пронајдени мртви во нивниот автомобил среде шума во Задар.

Станува збор за момчиња кои биле на 22 и 23 годишна возраст од Задар кои биле соседи и најдобри пријатели.

Двајцата извршиле самоубиство во автомобилот задушувајќи се со плин, а оставиле и писмо со зборовите „Поздрав татковино“, објавува „Слободна Далмација“.

Автомобилот со безживотните тела ги пронашол локален овчар кој забележал дека автомобилот се уште работи.

Полицијата се уште работи на расчистување на случајот.