Балкан
13. October 2022 - 13:27

Две лица загинаа во Србија откако сајла се скина на висечки мост

Две лица загинаа, а голем број се повредени денеска нешто пред 12 часот во Овчар Бања при уривање на пешачкиот мост над Западна Морава, по кој поминувале туристи од Зворник, од Република Српска.

Очигледно, по симнувањето од автобусот, туристите веднаш се упатиле кон мостот, а таму немало никој да ги предупреди за правилото кое малкумина го знаеле, пренесува агенцијата РИНА.

Мештаните и туристите го користеле со обврска мостотникогаш да не биде преоптоварен, односно на него никогаш немало повеќе од две или три лица, држејќи се на растојание.

Туристите не биле свесни за големата опасност бидејќи пред мостот немало предупредување дека мостот не е во функција, јавува агенцијата.

Евакуацијата на луѓето е во тек, брзата помош е на терен.

Пешачкиот мост е во близина на манастир.