Македонија
8. May 2021 - 12:00

Две лица уапсени за кражба во Тетово

Вчера во 18.00 часот во Тетово, на ул.„Благоја Тоска“, од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Г.С.(34) и Џ.И.(26) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, соопштуваат од МВР.

Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривичното дело.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.