Македонија
18. September 2019 - 18:31

Две години ќе трае отстранувањето на дивоградбите во Охрид

Отстранувањето на дивоградбите во Охрид е процес кој ќе трае и до две години најави охридскиот градоначалник Георгиески.Тој вели дека инспекторите секојдневно се на терен и прават записници,во општината постојано има 5 до 8 пријави за бесправно градење додавајќи дека соодветните служби ќе делуваат во насока на почитување на законите и воведување ред во урбанистичката сфера, не само во однос на градењето, туку и во носењето на плановите.

Според Георгиески проблемот со урбанистичките планови таложен две децении наназад и законот за легализација се  најголемите пречки во справувањето со дивоградбите.

Први на тапет за отстранување ќе бидат дивоградби и објектите во НП „Галичица“ и крајбрежјето.

Инаку Општина Охрид изработи регистар со 409 бесправно изградени објекти, но Георгиески вели дека од таа бројка, само десетина се големи објекти за рушење.