Балкан
1. јуни 2016 - 18:33

Дванаесет турски војници ранети во експлозија во југоисточна Турција

Дванаесет турски војници се ранети во експлозија на рачно иработена бомба во една зграда во местото Нусајбин, во округот  Мардин, во југоисточна Турција, во која силите за безбедност изведувале акција, информира весникот „Милиет“.

Експлозивната направа во зградата ја поставиле терористи, посочува весникот, алудирајќи на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).

Весникот прецизира дека во Нусејбин и натаму траат акциите на силите за безбедност, каде од 14 март е во сила полициски час.

Безбедносните сили акцијата ја презеле во една зграда во квартот во кој попладнево имало жестоки борби.

Во експлозијата биле ранети 12 војници, кои се нашле под урнатините на зградата. Ранетите се сместени во болница, а состојбата на едникот од нив е тешка.