Балкан
23. јуни 2017 - 12:56

Двајца загинати во хеликоптерска несреќа во Грција

Грчките власти соопштија денеска дека на подрачјето северно од Атина, се урнал мал цивилен хеликоптер, при што животот го загубија две лица, а третото успеало да се извлече од под урнатините, пренесува Танјуг.

Лекарите при пристигнувањето затекнале двајца онесвестени, но кусо потоа ги прогласиле за мртви.

Засега, се уште не е познато што ја предизвикало несреќата во близина на историското место Маратон.