Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во бизина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција.
Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а со операцијата на терен раководел началникот на противпожарна служба на Грција Теодорос Вајас.
-Во двата хеликоптера беа вкупно четворица мажи, од кои двајца грчки и двајца странски државјани. Двајца од нив се пронајдени живи, додека двајца беа извлечени без знаци на живот и беа преземени од возила на итната медицинска помош, соопштија од противпожарната служба на Грција.
Тие додадоа дека двата изнајмени хеликоптери полетале од аеродромот Елефсина во близина на Атина, а надлежните органи ги истражуваат точните причини и околностите под кои се случила несреќата.
На социјалните мрежи во Грција беше објавено видео од моментот на сударот, на кое се гледа дека едниот од хеликоптерите веднаш по сударот се запали и падна во шумско подрачје.
Според неофицијалните информации на МИА пилотите и на двата хеликоптери се романски државјани, додека пак координаторите се Грци.
МИА
Ново на Сител
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
