Македонија
26. February 2019 - 11:59

Двајца скопјани каснати од куче

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Центар, Д.К.(59) од Скопје пријавил дека на улица „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Истиот ден утрото во 08.40 часот во Полициската станица Драчево, А.Ж.(58) од Скопје пријавил дека на 24.02.2019 околу 18.15 часот на улица „Антон Димитров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.